| четврток, 6 декември 2018 |

Пијалок кој мажите не смеат да го пијат

Алкохолот може негативно да влијае на ерекцијата, либидото и способноста да се постигне оргазам. Сепак, некои алкохолни пијалоци се поштетни од останатите, кога станува збор за сексуалното расположение.

Таква е комбинацијата на џин и тоник. Овој популарен пијалок и кај двата пола може да предизвика спротивен ефект од очекуваниот. Кај жените преголемото конзумирање на џинот, односно над третата чашка, ја намалува способноста за оргазам.

Кај мажите, пак, покрај негативното влијание на алкохолот, посебно се истакнува и она на кининот, состојка во тоникот, за која се верува дека го намалува нивото на тестостеронот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top