Ослабнат имунитет, силни менструации, стрес, стравови но и сончевите зраци може да предизвикаат херпес.
Херпес симплекс вирусот тип I во режим на чекање се наоѓа во нервните клетки и ганглии, а реактивирање може да се случи во секое време. Рецидивите се случуваат кога вирусот е веќе латентно присутен во нервите, почнуваат да се размножуваат.
Тоа се случува најчесто на границата помеѓу мукозата и кожата, но и на усните, носот, внатре во носната празнина, усната шуплина, увото.
Иако не е познато зошто, кај некои луѓе ова се случува често, а кај некои никогаш, овој вирус често се појавува како несакан ефект од други инфекции. Херпесот може да се појави и 20 пати годишно. Затоа во лето е зголемена појавата на херпес на усните.
За да не ве изненади појавата на херпес ова лето, треба да знаете дека лекувањето на херпес вежно е да го направите што порано. Тоа ќе ви го каже секој лекар кој знае како и кога производите врз основа на ацикловир, делуваат.
Ако реагирате премногу доцна (неколку часа откако ќе се појават првите симптоми – стегање, чешање, пецкање), многу е веројатно дека херпесот ќе се појави, бидејќи користејќи класични препарати врз основа на ацикловир може го запре овој процес само ако дејствуваме брзо.
Ако имате проблем со херпес, на вашето мени треба да се најде риба, јунешко, јагнешко месо, многу овошје, зеленчук и грав. Од друга страна, треба да избегнувате конзумирање на грашок, чоколадо, кокос, кикирики и соја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.