| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Јанева: За еден месец ќе ме видите со мојот тим

Katica Janeva specialen javen obvinitel (4) (Custom) Новоизбраниот специјален обвинител, Катица Јанева, денеска даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и формално ја презеде новата должност.

– Им благодарам на сите политички и меѓународни фактори кои застанаа зад мојот избор за специјален јавен обвинител. Му благодарам и на Советот кој ме изгласа за специјален јавен обвинител. Денеска стојам пред вас сама, а за еден месец ќе ме видите со мојот тим зад мене како ги преземеме случаите кои се во наша надлежност и ќе почнеме со работа – рече специјалниот јавен обвинител Катица Јанева по дадената свечена заклетва.

Таа посочи дека денеска нема да одговара на новинарски прашања, воопшто нема да одговара на телефонски повици и ги замоли новинарите да ја контактираат преку нејзината електронска пошта.

Советот на јавни обвинителите доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Јанева за специјален јавен обвинител, со што се испочитува крајниот рок предвиден со договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Јанева ќе има задача да ги гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.
Katica Janeva specialen javen obvinitel (13) (Custom)

Катица Јанева доаѓа на новата должност од местото обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, каде што работеше од 2003 година.

Родена е на 09.02.1965 година. Студирала на Правен факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосуден испит положила во 1996 година. Учествувала во повеќе проекти надвор од Македонија за борба против организиран криминал и корупција. Член е на работна група избрана од Здруженито на јавни обвинители на РМ за нацрт-закон за јавна постапка. Работи и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

Фото: Александар Ивановски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top