| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 600 емигранти утрово од Гевгелија заминале кон Табановце

migranti-20

Околу 600 емигранти утрово со првиот воз од железничката станица во Гевгелија заминале кон Табановце, додека во текот на вчерашниот ден заминале четири специјални возови со околу 2.500 емигранти, информираат од железничката станица.

Сумираните резултати од вчерашното транзитирање на емигрантите низ Македонија во изминативе два дена, јавува дописникот на МИА од Гевгелија, укажуваат на извесно смирување на состојбата на јужната граница и на намалување на бројот на бегалци кои преку Грција пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија.

Според УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст, бројот на емигранти кои пропатувале вчера од Гевгелија до Табановце изнесува околу 3.000, а дел од емигрантите за превоз користат автобуси и такси-возила.

Црвениот крст соопшти дека вчера во прифатниот камп во Гевгелија биле поделени 85 пакети со храна и со вода, шест ќебиња и 75 пелени и дека биле направени 360 медицински интервенции во кампот, без потреба од болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top