| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнатите емигранти во Хрватска ќе бидат однесени во прифатни центри

Migrants in FYROM

Полицијата во Хрватска соопшти денеска дека ги регистрира емигрантите кои влегуваат од Србија, и оти тие ќе бидат транспортирани до прифатни центри, кои се наоѓаат во близина до Загреб.

Портпаролот на полицијата во источниот Вуковарско-Сремски граничен округ потврди дека неутврден број емигранти ја пресекле границата и влегле во Хрватска.

Претходно беше соопштено дека пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ, изјави дека Хрватска има подготвено вонреден план во случај на голем бран бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top