| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ со „Електра“ и „Столови“ на фестивалот „ФИАТ“ во Црна Гора

На јубилејното 30. издание на Фестивалот на интернационалниот алтернативен театар „ФИАТ“ во Тиват, Црна Гора, МНТ ќе настапи со две претстави.

Во 18 часот, пред црногорската публика Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Столови“ од авторот Ежен Јонеско, во режија на Дамјан Читкушев, а во 22 часот „Електра“ – адаптација и режија на светски познатиот Андриј Жолдак, претстава која е најдоброто уметничко остварување во целина на 50. по ред македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

– Имајќи ги предвид обемот и квалитетот на програмата, организацијата и селекциите на претставите, фестивалот е, секако, еден од најзначајните во регионот. Овогодинешниот концепт на фестивалот „ФИАТ“ е индивидуална авторска поетика, настојување публиката да види и да слушне еминентни светски театарски уметници кои во овој момент ги детерминираат светските, европските и регионалните театарски текови, како и создавање на интернационална и професионална соработка – соопштуваат од МНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top