| четврток, 6 декември 2018 |

Десет типови на луѓе кои треба да ги избегнувате

Токсичните луѓе се против логиката. Некои од нив се несвесни за негативното влијание што го имаат на луѓето околу себе, а други од хаосот што го создаваат извлекуваат задоволство. Колку и да е важно во животот да научите како да се справите со различни типови на луѓе, токсичните луѓе никогаш нема да бидат вредни за вашето време и енергија, а одзимаат навистина многу и од едното и од другото. Тие се креатори на непотребни расправии, комплексни ситуации и што е најлошо од се, тие се креатори на стрес – напиша др. Травис Бредбери оригинално на Линкедин. Бизнис инсајдер опишува 10 такви типови, навистина токсични луѓе, кои треба да ги избегнуваме, за да не станеме како нив.

1. Озборувач

Озборувачите уживаат во несреќата на друг човек. На почеток можеби ќе ви се чини наивно да расправате за други луѓе, но со време навистина станува заморно и поради тоа се чувствувате ужасно, бидејќи свесни сте дека некого сте го повредиле. Постојат многу попозитивни работи и поинтересни луѓе од кои можете нешто да научите, па навистина нема смисла да се вмешувате во разговори за нечија несреќа.

2. Темпераментен тип

Некои луѓе едноставно немаат контрола над своите емоции. Тие едноставно ќе се истресат на вас и ќе ве закопаат со сопствените чувства, а сето тоа на начин да мислите дека токму вие сте причината поради која можеби се чувствуваат лошо. Темпераментите типови на луѓе е многу тешко да се исфрлат од животот, токму од причина што немаат контрола над сопствените емоции, поради што често не доведуваат до тоа да ги сожалуваме.

 3. Жртва

Овие луѓе тешко се препознаваат токму поради тоа што често сочувствуваме со нивните проблеми. Но тогаш почнуваме да сфаќаме дека е време кога сакаат да бидат во центар на вниманието и кога треба да бидеме тука за нив, постојано!

Жртвите активно отфрлаат каков било  вид на одговорност на начин што и најмала дупка на пат ја претвораат во најголем проблем на светот. Тие тешките времиња никогаш не ги гледаат како прилика за напредок и учење, туку како прилика за страдање. Овие типови на луѓе совршено ги опишува реченицата дека Болката е неизбежна, а страдањето е работа на избор.

4. Тип вљубен сам во себе

Луѓето кои се вљубени сами во себе не поткопуваат токму со таа дистанца од другите, која настојуваат да ја одржат. Обично лесно можете да сфатите дека сте во друштво на лице кое е вљубено само во себе, поради тоа што се чувствувате како да сте сами. Тоа се случува поради тоа што сметаат дека не постои смисла за било каков разговор меѓу нив и некое друго лице, па на таквите луѓе обично сте само некој со чија присутност го хранат сопственото его и ја јакнат самодовербата.

 5. Љубоморен тип

За овие луѓе навистина важи онаа старата, дека тревата е позелена во туѓиот двор. Дури и кога ќе им се случи нешто одлично, тоа не може да им пружи големо задоволство, бидејќи секогаш својот живот го споредува со животот на другите. А да бидеме реални, на светот секогаш постои и секогаш ќе постои некој кој е подобар од вас, поради што навистина нема смисла премногу да се замараме со тоа. Поради тоа ваквите љубоморни типови на луѓе треба да ги избегнуваме по секоја цена, бидејќи тие навистина имаат можност да не претворат во лица кои го тривијализираат сопствениот успех.

6. Манипулатор

Манипулаторот од вас ќе ја исцица енергијата и времето, а се под маска на добар и вистински пријател. Овие типови можат да бидат многу итри, токму затоа што ќе ве третираат како пријател. Знаат што сакате, што ве усреќува и радува, но зад сето тоа стои некаква скриена намера. Тие секогаш нешто сакаат од вас, и ако малку се свртите и погледнете каква била вашата врска до сега, ќе сфатите дека вие сте обично тие кои давате, а речиси ништо или многу малку од тоа добивате за возврат.

7. Дементор

Во серијалот на книгите за Хари Потер, Дементорите се зли суштества кои од човекот ја цицаат душата и ги претвораат во најобични, празни лушпи. Џ. К. Роулинг изјави дека инспирацијата за овие ликови ја нашла во исклучително негативните типови на луѓе, од тие типови кои само со својата појава од нас можат да ја исцицаат и последната ронка живост.

Ваквите луѓе шират негативна енергија и песимизам каде и да се појават, на нив чашата секогаш им е пола празна, а речиси секоја, па дури и таа најнаивната ситуација можат да ја претворат во најстрашна на свет. Истражувањето спроведено на универзитетот во Нотр Дам, покажа дека студентите кои за цимери имале вакви исклучително негативни поединци и самите со тек на времето станувале депресивни.

8. Извртен тип

Постојат и такви типови на токсични луѓе кои неизмерно уживаат во туѓо страдање и болка, тие кои навистина имаат многу лоши намери. Тие се тука за да не повредат, поради нив да се чувствуваме лошо или да добијат нешто од нас, во секој друг случај воопшто нема да им бидеме интересни. Единствена позитивна работа за овој тип на луѓе е дека се многу провидни, па многу лесно можат да бидат откриени.

9. Тип кој осудува

Овие луѓе веднаш ќе се обидат да ви наметнат свое мислење за тоа што треба а што не треба да правите. Тие се способни да земат нешто кое навистина ви значи многу; некоја ваша најголема страст… и да направат таа во вашите очи да почне да изгледа апсолутно неважно. Наместо да учат од луѓето кои се поинакви од нив, научиле дека многу поедноставно е некого да се обвини. Ваквите луѓе треба да ги избегнувате ако сакате да задржите било каков вид на страст во сопствениот живот.

10. Арогантен тип

Арогантните луѓе, наједноставно кажано се чисто губење на вашето време, бидејќи на се што правите ќе гледаат како на можност за трка со вас. Ароганцијата често ја помешуваат со самодовербата, додека со неа всушност се обидуваат да ги прикријат сопствените недостатоци и страв. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Акрон покажало дека ароганцијата кај поединци е тесно поврзана со проблемите на работа. Ваквите луѓе имаат многу повеќе несогласувања со колегите, од просечно лице, а покрај тоа постигнуваат и многу ниски резултати во работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top