| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ воведува опција „не ми се допаѓа“

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, најави воведување на опцијата „не ми се допаѓа“ на најпопуларната социјална мрежа.

418619_dislike_f

– Луѓето со години нѐ прашуваат за опцијата „не ми се допаѓа“. Денес може да соопштам дека работиме на тоа да ја воведеме – изјави Цукерберг.

Основачот на „Фејсбук“ изјави дека дошле до сознанија дека на корисниците им е важно да се изразат и на друг начин освен „ми се допаѓа“.

– Сакаме на корисниците да им овозможиме да изразат емпатија. Не е секој момент добар момент – изјави тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top