Откако Унгарија прогласи вонредна состојба на границата со Србија, полицијата ги апси сите илегалци. По спуштањето на рапмата, унгарската полиција, денеска уапси околу 16 мигранти кои ја исекле оградата и се обиделе да ја преминат границата.
Во меѓупросторот на границата меѓу Унгарија и Србија пак, стотина бегалци прогласија штрајк со глад и жед. Тие носат транспаренти ,,Без храна и без вода”.
На своите транспаренти мигрантите пишуваат дека ќе штрајкуваат се додека не се отворат границите.
Унгарија прогласи кризна состојба во две области на југот на земјата, Чонград и Бач-Кишкун, па повеќе не се смета за „безбедна земја“ за барање азил.
Во меѓувреме, на унгарскиот граничен премин Хоргош поставени се ,,автомобилите-судници”, за барање азил.
Откако на полноќ стапи во сила новиот унгарски закон, полицијата го затвори и железничкиот премин што го користеа десетици илјади мигранти.
Со новиот закон на Унгарија, за нелегално минување на границата ним им се заканува казна затвор од три години.
Само вчера, полицијата привела 9 380 луѓе поради нелегално влегување во Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






