| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија прогласи вонредна состојба поради емигрантите

Унгарија прогласи вонредна состојба во две свои јужни области по должина на границата со Србија поради миграциската криза, давајќи им специјални овластувања на полицијата и на другите власти.

migranti (2)

Портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, изјави дека одлуката е донесена на денешната седница на владиниот кабинет, пренесува БТА

Мерката, исто така, создава услови да испраќање на воени единици како помош на полицијата во граничната контрола и обврските поврзани со емигрантите. Тоа ќе се случи откако парламентот ќе даде согласност за владината одлука, што се очекува веќе следната недела.

Унгарија од утре почнува да ги применува построгите казни за лицата кои нелегално влегуваат во земјата и го зголемува рокот за престој во затвор за лицата осудени за шверц со луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top