| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ го поздрави договорот за избор на Специјален обвинител

мај

Европската унија денеска го поздрави договорот што по три дена преговори беше постигнат меѓу главните политички партии во Република Македонија за донесување Закон за избор на Специјален обвинител што ќе се справи со случаите „Прислушување“ и „Пуч“.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, откако гевгелиската обвинителка Катица Јанева беше утринава договорена да го предводи тимот на обвинители што ќе работи на случаите, а попладнево се очекува да биде избрана и од македонското Собрание, официјален Брисел се огласи со задоволство што оваа точка што е дел од Договорот за решавање на политичката криза во Македонија, постигнат на 2 јуни и 15 јули, е конечно решена.
– Ние го поздравуваме договорот што беше постигнат од политичките партии утринава во Скопје за избор на Специјален обвинител, што, како што знаете е важен елемент од политичкиот договор што беше олеснет од комесарот Хан и неколку европратеници во јуни и јули. Очекуваме усвојување на релевантен закон во Парламентот и очекуваме дека Специјалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да ја исполни важната задача што ја има – посочи Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија.
На прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дали е сега се чисто за комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан да дојде в петок во Скопје и Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) да продолжи меѓу Комисијата и Република Македонија, неговата гласноговорничка со потврда:
– Како што веќе кажав минатата недела, да, комесарот планира да патува во Скопје и ќе биде таму на 18-ти септември, овој петок и очекуваме за време на неговата посета, ХЛАД-от да се случи – децидна е Коцијанчич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top