| четврток, 6 декември 2018 |

Поштар крадел социјална помош

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(46) од Гостивар за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување исправа.

Пријавениот како вработен во АД Македонска пошта – Гостивар, на работно место поштар, во текот на 2013 и 2014 година ги фалсификувал потписите на 12 лица, примачи на социјална помош и туѓа нега, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 78.062 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top