| четврток, 6 декември 2018 |

Седум лица осудени на смрт за напад во шиитска џамија во Кувајт

gamija

Кувајтски суд одреди смртни казни за седум лица за самоубиствен напад во шиитска џамија во главниот град Кувајт во јуни, во кој загинаа 27 лица.

Уште осум лица се осудени на затворски казни од 2 до 15 години, а 14 беа ослободени од обвиненијата.

Нападот во јуни е најголемиот терористички напад во Кувајт во изминатите 20 години. Одговорноста за терористичкиот напад, извршен за време на петочната молитва во една од најстарите шиитски џамии во Кувајт „Имам ас Садик“ ја презема сунитската џихадистичка група „Исламска држава“. Во нападот беа повредени 227 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top