| четврток, 6 декември 2018 |

Утревечер промоција на „На попатнина кон Дома …“ на Катерина Грозданова

na patot kon doma

Утревечер во Порта Македонија ќе биде промовирана „На попатнина кон Дома … ” на Катерина Грозданова. Поезија во проза ќе чита актерката Весна Стојановска Николовска, а пат кон Дома, ќе биде пропратено со песните на поубават половина на групата „Чалгија Саунд Систем” со мекиот вокал на Добрила, и виолината на Александра.

Взаемното патување по Љубовта кон Дома ќе започне во 19 часот.

– Во оваа прозна поетска мисла станува збор за Љубовта. ” На попатнина кон Дома… ” е симболичен наслов со симболична корица, за тоа како ги соблеков своите чевли и како се изгубив во потрага по тој пат, на вечна потрага за љубовта, Тој – Бог ми го подари најголемото и најважното оружје во оваа борба… На попатнината кон Дома – Љубовта, во сите фази – од крајна, неизмерна радост до минимална тага… само така може да се стигне по патот кон Дома, во потрагата по Него!
А каде е тоа Дома?! Тоа е таму на патеката до совршеноста, каде што е Љубовта, бидејќи само Таа, на тој Пат, но и сите Патишта по кои одиме, ќе ни биде миг кој ќе не понесе длабоко во нас, за да го најдеме правиот Пат.
Книгата изобилува со амплитудни доживувања кои никого нема и не го оставаат рамнодушен – резултат од самата идеја многумина да ја добијат книгата уште неизлезена и да напишат по некоја мисла за неа… резултот е сублимиран во буклетчето наречено “ За – На попатнина кон Дома …” каде сите со една мисла, кажаа дека се понесени од бура од емоции, искреност, и носеа делови од себе, со солзи, љубов…Оваа книга остави силен печат и ја постигна целта, дури на луѓе кои не ме и ме познаваат лично, но ме запознаа. Искрено.
Сакам со овој мал запис за миг да ве поттикнам да си го продолжите патот по кој сте тргнале кон Дома… со надеж дека ќе се сретнеме, во Царството Небесно каде веќе нема попатнина, едноставно е само Дома.
Ве чекам или чекајте ме, Дома – вели Катерина Грозданова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top