Напливот на емигрантите кои во Македонија доаѓаат од Грција, вчера, за разлика од претходните неколку дена беше помал, а со тоа стивна малку и притисокот на нашата јужна граница.
Од железничка станица во Гевгелија информираа дека во текот на вчерашниот ден од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.500 мигранти и дека моментно се товари првиот денешен воз со околу 1.000 емигранти кој треба да замине кон северната граница.
Гевгелиските железничари велат дека патничкиот сообраќај кон Грција сѐ уште се одвива со автобус од Гевгелија до Поликастро затоа што во тек е изградба на мост во Грција во пограничното место Идомени. Во товарниот железнички сообраќај нема застој освен што поради градежните работи во Идомени е воспоставен посебен режим на превоз кој се одвива само во попладневните часови.
Проценките на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст исто така велат дека вчера низ земјава транзитирале помалку емигранти односно дека, вклучувајќи ги и оние што патуваа со автобуси и такси-возила, низ земјава транзитирале околу 4.500 мигранти.
На мигрантите кои во прифатниот камп во Гевгелија пристигнуваат периодично во групи од 100 до 200 луѓе, им се дели храна и вода. Црвениот крст вчера донираше една инвалидска количка на емигрант од Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти