Поранешниот француски репрезентативец Јоан Гуркуф се одлучи кариерата да ја продолжи во својата татковина во екипата на Рен. Тој по истекот на договорот со Лион не го продолжи договорот и стана слободен играч кој може да премине во било кој клуб без обештетување.
Гуркуф се поврзуваше со повеќе клубови ова лето, понуди на негова адреса пристигнаа и од Англија, но тој сепак се одлучи да остане во Франција. Со екипата на Рен потпиша едногодишен договор и се надева дека повторно ќе ја оживее неговата кариера и ќе избори место во репрезентацијата на Франција за следното Европско првенство што се игра токму во неговата земја.
Во кариерата настапуваше и за Милан од каде повторно се врати во Франција во екипите на Бордо и Лион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент