По летото исполнето со низа ангажмани, македонскиот фолк музичар, Јордан Митев, се подготвува за голема австралиска турнеја.
Во склоп на турнејата, која ќе трае од крајот на септември, па сѐ до ноември, Митев ќе одржи девет концерти во сите поголеми тамошни градови, и тоа во Перт, во Сиднеј, во Мелбурн, во Камбера…
Како еден од најпопуларните музичари во дијаспората, дел од концертите на Митев се веќе распродадени, и тоа на еден месец пред нивното одржување.
Освен што се подготвува за големата прекуокеанска турнеја Јордан деновиве пред заминувањето, интензивно работи и на завршување на новиот материјал, кој на домашен терен ќе биде промовиран по враќањето, а први ќе имаат можност да го преслушаат токму нашите иселеници во Австралија.
Албумот со наслов „Моја кралице”, како и една од десетте композиции ставени на него, е комплетно авторско дело на Митев, а освен насловната за која е снимен и видеоспот, деновиве домашната публика имаше можност да ја чуе и „Ти ќе си моја”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.