| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер купува грчки острови за изградба на новата татковина за Сиријците

остров

Египетскиот милијардер Нагиб Сауирис кој предложи да купи медитерански остров, за да смести таму сириски бегалци, изјави денеска дека е во преговори за купување на два приватни грчки острови.

Бизнисменот претходно овој месец објави  дека бара да купи остров на кој ќе  може да засолне сириски бегалци и да им обезбеди работни места “за изградба на нивната нова земја”. Во соопштението на компанијата на Сауирис се вели дека тој нашол два грчки острови, кои се во приватна сопственост и кои се многу погодни за неговиот проект. -Се поврзавме  со сопствениците и изразивме интерес за преговори со нив – се вели во пораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top