Следните две години би можеле да бидат најтопли во историјата ако продолжат промените кои се случуваат во исто време, наведуваат британските метеоролози, а пренесува „Би-би-си“.
Како што наведуваат, големите промени во климатскиот систем може да донесат ефект на стаклена градина. Се потенцира дека летата во Европа би можеле да бидат малку постудени, а би било потопло во другите делови на светот. Научниците потврдуваат дека температурата во 2015 година ќе биде на рекордно ниво.
Но, професорот Роан Сутон од Универзитетот во Рединг вели дека е помалку веројатно дека наредните години би биле најтопли, освен ако не дојде со голема ерупција на вулкан.
Научниците истакнуваат дека се поголемиот процент на јаглерод диоксид во воздухот, заедно со зголемување на нивото на океанот ја прават климата „многу интересна“. Поради тоа се сомневаатдека може да дојде до големи промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.