Дваесет и петгодишниот Т.Ц.од Македонска Каменица заработи кривична пријава од делчевската полиција за затајување.
На 31 јули годинава, пријавениот од компанија во Швајцарија на користење изнајмил „ферари“, со која склучил Договор за изнајмување на возилото од 31.07. – 10.08.2015 година и според договорот возилото требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија. Спротивно на тој договор, пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на земјата.
Со кривичното дело пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст