Повеќе од 4.000 мигранти во текот на изминатото деноноќие со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово пак кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија.
Според проценките на УНХЦР и на невладините организации кои се вклучени во соочувањето со бегалската криза, бројот на емигранти кои вчера поминале низ нашава земја е многу поголем, односно повеќе од 6.000 емигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера активни во превозот на емигрантите беа уште автобусите и такси-возилата.
Утрово, автобусите и такси-возилата помалку сообраќаат од причина што напливот на емигранти кои во земјава доаѓаат преку Грција засега е многу послаб. Во секој случај тие се паркирани кај мостот на Сува река и околните улици и се подготвени во секој момент, доколку се укаже потреба, да се вклучат во превозот на емигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти