| четврток, 6 декември 2018 |

Високиот крвен притисок и лошата исхрана – главни ризици за смрт

Дваесет и пет години меѓународно истражување покажува дека високиот крвен притисок и нездравиот начин на исхрана се водечки глобални ризици за смрт, пренесуваат медиумите.

pritisok

Според старите истражувања, порано тоа биле недоволната исхрана кај децата и недостатокот од чиста вода. За време на проектот се анализирани 79 причини за ризик од смрт.

Превисокиот крвен притисок е поврзан со околу 10,4 милион смртни случаи во светот годишно, а неговото влијание на смртноста во последните 25 години се зголеми за 49,1 отсто.

Еден од причинителите за зголемување на крвниот притисок е сѐ поголемата раширеност на таканаречната „западна исхрана“, предупредуваат стручњаците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top