Околу 1.000 домашни и странски туристи ова лето почнувајќи од средината на јуни, до средината на овој месец ја искористиле бротската линија Охрид-Поградец за да го прошетаат Охридското Езеро, заобиколкувајќи го од двете страни. Се работи за чартер линија која е активна само во текот на туристичката сезона, бидејќи без туристи, во останатиот мртов период од годината бродовите се закотвени на охридското пристаниште.
– Да бидеме реални и да ги правиме нашите постапки во рамките на реалните можности и очекувања. Нема потреба да идеализираме дека сега ќе отвориме граничен премин преку цела година, зошто?, вели за Алфа Горан Устијаноски од охридската капетанија.
Иако распослана на брегот на Охридското Езеро, Струга не е вклучена во сезонската линија до Поградец, бидејќи овој крајезерски град нема соодветно пристаниште, велат од капетанијата.
– Во однос на Струга, таму ограничувачки фактор е пристапот за бродовите. Тоа е ограничувачки фактор не само за линијата со Албанија туку и за некаква конекција Охрид-Струга. Не постои никаква друга заднина затоа што денеска брод не оди во Струга. Причината е чисто техничка – нагласи Устијаноски.
Претседателот на ХОТАМ смета дека по должината на целото крајбрежје треба да има 5-6 пристаништа и далеку поголем број пловила.
Од капетанијата појаснуват дека дозволата за изградба на пристаниште на територијата на еден град ја издава самата општина, по претходно добиено мислење од капетанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст