| четврток, 6 декември 2018 |

Авантуристичкиот туризам како шанса за југозападна Македонија

stenje-2_thumb_medium500_281
Месец на авантурата од вчера започна да се случува во Пелагонија. Пет викенди, десет настани со над дваесет различни активности, за сите рекреативци, спортисти, но и зависници од адреналинот. Велосипедизам, планинарење, ултра маратони, болдеринг, парагалајдинг и традиционални вредности на локален план. Ова се само дел од содржините на проектот  „Откриј ја Пелагонија“, кој ќе ги опфати деветте општини во Пелагонискиот регион, а стартуваше во Преспа, со атрактивните ресурси на Галичица, Преспанското езеро кај Стење и недопрената природа во Коњско и островската загатка на „Стар град“.
– Се работи за сет од спортско- рекреативни, натпреварувачки и рекреативни активности, кои што се во делот на авантуристичкиот туризам и негова промоција, како една форма на алтернативниот туризам- рече ресенскиот градоначалник м-р Ѓоко Стрезовски.-  Многу возбудливо, многу убаво и единствена можност , вака организирано, да се вкуси Пелагонија од сите аспекти и со сите сетила, за да се ужива во прекрасната природа- вели за Алфа  Емилија Геровска, директор на Пелагонискиот развоен плански регион од Битола.
Учесниците во Стење, сместени покрај самата плажа, како вистински занесеници во авантуризмот, секој се соочуваше со своите предизвици, со велосипеди до планина, со атлетски напори за совладување на природата, или пак, со небеските летови на параглајдерите.
– Денеска денот е прекрасен за возење, ќе има дружба на влеосипедистите кои се подготвуваат и мислам дека ќе испадне се добро- рече Христијан Ќулумовски од планинарскиот клуб „Преспа војт“ од Ресен.-
Временските услови беа одлични, а натпреварувачите беа презадоволни од убавината на природата и теренот- рече Трајче Панковски, еден од учесниците на натпреварите.
– Мојот настап очекував дека така ќе биде со второ место, меѓутоа е раритет што сум бил еден од највозрасните учесници- рече Томислав Спасевски, натпреварувач во атлетско планинарење.
Овој проект го реализира Пелагонискиот плански регион од Битола со поддршка на УСАИД, а денеска беше промовирано и логото , како шанса и соствака од можностите за алтернативен туризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top