| четврток, 6 декември 2018 |

Владика Тимотеј: Преговори со СПЦ најрано кон крајот на септември

vladika-timotej-24-vesti-520x331

Светиот синод на МПЦ-ОА нема посебно расправано околу најавите за конкретни разговори со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

– Еден од членовите на синодот и член на комисијата со која треба да разговараме, владиката Захумско – херцеговски Григориј е во посета на САД и ќе се врати дури на 24 септември. Со тоа нашите очекувања дека ќе се сретнеме барем во првата половина на септември не се реални. Сега ни останува надежта дека средбата ќе биде закажана за крајот на овој или почетокот на следниот месец, октомври, вели господин Тимотеј и додава дека проблемот веќе не е само црковен, туку сега е исполитизиран и поврзан со решавање на спорот за името на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top