| четврток, 6 декември 2018 |

Италија го декласира Израел со 30 поени разлика

Италија е претпоследниот четвртфиналист на Евробаскетот, по победата против Израел со убедливи 82-52. Тоа е најголемата разлика во досегашните 7 осминафинални дуели, а во прекрасната вечер за „аѕурите“ лоша вест е дека се повреди Андреа Барњани. НБА ѕвездата го повреди скочниот зглоб во втората четвртина и не се врати во игра. ој најверојатно нема да игра со Чешка во четвртфаиналето.

Израелците не најдоа начин да го запрат извонредниот напад на италијанската селекција предводен од Џентиле, и на крајот мораа да му честитаат на поквалитетниот противник.

Триумфот на Италија е уште позначаен ако се знае дека најдобриот кошаркар на „аѕурите“ на овој шампионато, Дарио Галинари, овојпат постигна само шест поени, но оваа селекција сепак стигна до убедлива победа.

Првото полувреме заврши со резултат 40-30, а сите надежи за пресврт на Израелците потона во извонредната трета четвртина на Италија, што избраниците на Пјаниџани ја добија со 28-9. Последните десет минути беа само лесен тренинг за италијанскиот состав, кој сега во четвртфиналето ќе го очекува подобриот од последниот осминафинален меч меѓу Литванија и Грузија, кој е во тек.

eki

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top