| четврток, 6 декември 2018 |

Во затвор во Оклахома – тројца убиени и петмина повредени

Во тепачка што изби во затворот Кушинг, во  американската сојузна држава Оклахома, смртно настрадаа тројца затвореници, додека петмина се повредени, изјави денеска портпаролот на компанијата ЦЦА, која управува со затворот, Стив Овен.

zatvor

Персоналот на затворот „Симарон“ во градот Кушинг, околу 16.40 часот по локално време успеал ситуацијата повторно да ја стави под контрола. Тепачката траела околу 40 минути, пренесуваат американските меидуми.

-Во судирот не е повреден ниту еден затворски чувар, а повредените затвореници се префрлени во болница, рече Овен.

Во затворот во Кушинг престојуваат 1.600 затвореници, а оваа установа има повеќе крила со средно и максимално ниво на обезбедување. До инцидентот дошло во крилото со средно ниво на обезбедување.

ЦАА е една од најголемите приватни компании во САД за водење затвори и има договори со повеќе американски сојузни држави за сместување затвореници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top