| четврток, 6 декември 2018 |

И науката потврди, жените подобро паметат од мажите

До 40. година мажите значително повеќе го губат памтењето отколку жените. Најнова студија објаснува дека тоа се должи на женските хормони, посебно екстрогенот, кои го штитат мозокот, спречувајќи висок крвен притисок и проблеми со срце.

hitportal-zeni

Истражувањето е спроведено на 1.246 испитаници на возраст меѓу 30 и 95 години, кои се избрани според возраста, полот и генот кој предизвикува Алцхајмерова болест.

Според истражувањето, памтењето слабее веќе со навлегувањето во 30-тата година од животот, но тоа не исчезнува само од себе. Главна причина е амилоидот – протеин во мозокот, кој во еден момент го спречува неговото нормално функционирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top