| четврток, 6 декември 2018 |

Венеција: „Златен лав“ за филмот „Од далеку“

Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со филмот „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на 72. Венециски филмски фестивал кој заврши синоќа.

lorenco_vigas-zlaten_lav

Наградата за најдобра режија ја освои, исто така, јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.

Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.

За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“.

Освоената награда Вигас ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.

-Имаме некои проблеми, но ние сме многу позитивни. Ние сме еден неверојатен народ – изјави Вигас, пренесоа американските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top