| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Да останеше СДСМ на власт немаше да има минимална плата

sdsm-vmro1-Да останеше СДСМ на власт сѐ уште ќе немаше закон за минимална плата, а денес таа изнесува 9 590 денари. За само неколку месеци, по сила на важечкиот закон минималната плата секако ќе биде зголемена на 10 080 денари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот прес на СДСМ на кој беше посочено дека е поднесен предлог минималната плата да се зголеми на 11.000. Според владејачката партија, СДСМ покажа колку е несериозна и површна во идеите кои што ги пласира во јавноста.

„Очигледно е дека нивните прес конференции служат за да пополнат време и да прикажат лажна грижа за граѓаните. Денешната прес конференција е само бледо оправдување и смешно објаснување за погрешните закони кои што само пред една недела ги поднесоа во Собрание“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие нагласија дека во време на владеењето на СДСМ не постоеше минимална плата, иако од СДСМ било дадено такво предизборно ветување, како и дека во тоа време имало луѓе кои добивале минимални 4 000 денари како плата.

„Усвојување на предлогот на СДСМ ќе значи дека уште утре најмалку 30 000 работници да бидат избркани од работа заради зголемените трошоци на фирмите. Очигледно тоа за СДСМ не е значајно бидејќи тие во својата историја имаат донесено одлуки со кои 200 000 луѓе останаа без својата егзистенција. На овој начин, како што предлага СДСМ, наместо да им се помогне, ќе им се наштети на најмалку 30 000 семејства и тоа на оние кои имаат најниски примања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top