| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Се удавија 28 мигранти

GREECE-IMMIGRATION-SHIPWRECKВкупно 28 тела се извлечени од морето на брегот на Грција денеска, откако потона брод, кој превезувал мигранти. Меѓу загинатите има и едно дете, соопшти грчката крајбрежна стража.

Крајбрежната стража спасила 68 лица, а  29 успеале сами да стигнат до брегот.

Продолжува потрагата по патници од превртениот брод. Во моментов на местото на несреќата се наоѓаат спасувачки хеликоптер и брод на крајбрежната стража.

И натаму трае потрагата четирите деца и еден возрасен мигрант кои вчера исзнаа во водите во близина на островот Самос, во источниот дел на Егејско Море, но засега без некакви конкретни резултати.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција бројот на имигрантите, кои дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината е над 350 илјади луѓе. Главниот дел од нив пристигнале преку Грција – околу 218.000, следат Италија – околу 114.000, Шпанија – околу 2000 и Малта – 94 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top