| четврток, 6 декември 2018 |

Водачот на Ал Каеда повика младите муслимани во САД и западните земји да вршат напади

otkup-alkaeda-01

Водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повика младите муслимани во САД и западните земји да вршат напади во овие земји, пренесува БТА.

“Ги повикувам сите муслимани, кои можат да им наштетат на земјите од коалицијата на крстоносците да не се колебаат (тоа да го сторат)”, изјави Завахири во аудио-порака, објавена на Интернет.

Тој рече дека сега војната треба да се пренесе во срцето на западните земји, а најмногу во САД, „во домовите и градовите на крстоносците”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top