| четврток, 6 декември 2018 |

Австриската полиција откри бегалци во камион – ладилник

migranti

Полицијата на провинцијата Горна Австрија откри денеска на австопатот А8 42 имигранти од Сирија и други земји од регионот, кои биле скриени во камион – ладилник, пренесува БТА.

Двајцата превозници – ирачки државјани се приведени, се вели во соопштението на полицијата.

Камионот бил со финска регистрација. Камионот им бил сомнителен на полицајците, поради што го провериле на паркинг крај патот, во близина на населеното место Ајстерхајм.  Возилото било наменето за превоз на цвеќе, но во него биле затворени 42 бегалци, вклучувајќи и пет жени и осум деца. Сите се во добра здравствена состојба и биле однесени во полицијата во Линц. Нивното државјанство се утврдува, но најверојатно се од Сирија и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top