| четврток, 6 декември 2018 |

Летото на политички аутсајдери: социолошките истражувања во САД откриваат подем на Трамп и Сандерс

traamp i snaders
Додека летните температури во САД растеа, постепено се разгоруваше и предизборната кампања за претседателските избори во 2016 година. И покрај политичката мудра поговорка: кандидатите кои се сметаат за „аусајдери“, се сврета во водечки.

Кога Доналд Трамп ја започна својата предизборна камапања пред три месеци, очекувањата на политичките аналитичари беа дека тој најмногу што ќе стори е да создаде некаков забавен момент во борбата за позиции помеѓу големиот број на кандидати за номинацијата од Републиканската партија.

Никој не очекуваше дека тој ќе избие на врвот на социлошките истражувања, но се случи токму тоа.

Трамп, магнат милијардер без никакво политичко искуство, изгледа добива од оние настроените против врхушката, што даде поттик и за другите кандидати кои се сметаа за аутсајдери – вклучувајќи го и неврохирургот Бен Карсон, и поранешниот извршен директор на Хјулит-Пакард, Карли Фиорина.

Трамп води на истражувањата на јавното мислење на национално ниво, како и во клучните држави кои гласаат пред другите – Ајова и Њу Хемшир.

Истражувањето кое беше објавено минатиот понеделник, покажува дека Трамп и Карсон се израмнети, по нив следи Фиорина. Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, е дури на шестото место, а поддршката за него во Њу Хемшир е едноцифрена.

Национално истражување, кои беше објавено на веб страната Риал клик политикс, исто на Трамп му дава значителна предност. По него е Карсон, а трет е Буш.

Минатата седмица, Трамп рече дека добива приврзеници затоа што луѓето ги отфрлаат традиционалните политичари.

– Ги гледаат тие некомпетентни политичари, гледатат луѓе кои не знаат за ништо друго освен за предизборите, рече тој во интеврју за Си-Ен-Ен. „Тие не сакаат да ја донесат правилната одлука, просто сакаат да донесат одлука која нема да им нашети на нивните шанси за претстојните избори. И тие навистина ја водат земјата кон амбис“.

И покрај избивањето во вордство на Трамп, според доста коментатори на крајот тој ќе отстатпи место за некој потрадиционален кандидат.

Конзервативниот експерт Ерик Ериксон, кој заради спорни коментари на адреса на водечка телевизиска куќа ја одби поканата за учество на политичка конференција заедно со Трамп, смета дека Републиканската партија ќе биде во ризик ако го занемари Трамп.

-Кога, а не ако поддршката за Трамп исчезне, партиското раководство ќе одлучи дека го победиле него, а не дека избирачите го загубиле умот. Слично на француските Борбони, тие не извлекуваат никакви поуки и ништо не забораваат, изјави тој. „Наместо да се свртат на неостварените ветувања и лидерски слабоди, тие доведоа до подем на луѓе како Доналд Трамп, и ќе си помислат дека штом ѕвездата му зајде, значи дека нема потреба да остваруваат никакви ветувања“.

Републиканците не се единствени кои ги отфрлаат кандидатите на својата партиска врхушка во полза на аутсајдери. Во кампот на левоцентристичката Демокартска партија, исто имаше подем во поддршката за Берни Сандерс, независен сенатор кој повеќе се претставува како соцјалист, отколку како демократ.

Сандерс привлекува дестици илјади млади луѓе на своите митинзи, што е далеку повеќе од било кој кандидиат на двете партии. Во говор во спорстека сала во Портленд, во државата Орегон, имаше 20 илади души, а надвор стоеа уште неколку илјадници – и тој ентузијазам изгледа почнува да се пренесува во клуч за изборните држави.

Во Ајова, Сандерс ја намалува предноста на Хилари Клинтон и таа е само за седум проценти поени пред него, според последното истражување на јавното мислење на весникот Де Моин реџистер. Клинтон, поранешен државен секретар на САД и прва дама, во изминатите неколку месеци имаше доста убедлва двоцифрена предност, но од мај наваму загубила скоро една третина од своите поддржувачи. Најновите истражувања посочуваат дека во Њу Хемшир, Сандерс има предност од седум проценти поени пред неа.

-Не знам дали нејзината кампања има проблеми, но нашата се одвива прекрасно, изјави Сандерс за Ен-Би-Си минатата недела. „Мислам дека луѓето се приклучуваат на нашите пораки дека нешто не е во ред, штом средната класа во земјава продолжува да исчезнува“.

Трамп и Сандерс се полни со спротивставености и као стил и според политичките ставови, но заедничко за двајцата е што притискаат во сржта на политичките династии во своите партии – Буш и Клинтон.

Штабот на Буш се стремеше да ги исфрли Буш како доволно конзервативен кандидат за да ја добие поддршката на верниот партиски електорат на предвремените внатрепартиски избори, но истовремено и доволно центристички за мерење на силите за вообичаените за време на избори прашања, како што е емиграцијата. Таму Трамп применува исклучително антиемиграциски тон, што им наштети на неговите позииции меѓу избирачите од латинамериканско потекло.

Во кампот на демократите, Сандерс можеби не е најгоемата закана за Клинтон. Вицепретседателот на САД, Џо Бајден, кој досега стоеше настрана од трката, се уште размислува дали дали да се кандидира и се очекува да донесе одлука за тоа во следните седмици.

Иако тој воопшто не е политички аутсајдер, тој може да првлече демократи кои се незадоволни од Клинтон, но истовемено и не се склони да ги поддржат по-левите позиици на Сандерс.

Клинтон од своја страна најави дека го почитува Бајден, и дека е добро тој да располага со потребното време и слобода за да си ја донесе одлуката.

Во ситуација до објавувањето на првите партиски билтени, остануваат доста месеци, а до опшите избори – повеќе од една година, но кампањите и во двата кампа далеку од тоа дека се завршени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top