
Португалецот Кристијано Роналдо на вчерашниот натпревар со Еспањол постигна пет голови и на тој начин постана најдобар стрелец во историјата на клубот. Роналдо има 230 погодоци на 203 натпревари и го престигна Раул на вечната листа (228 голови на 550 натпревари).
Тренерот на Реал Рафаел Бенитез вели дека Роналдо ќе остане засекогаш запаметен на „Сантијаго Бернабеу“.
– Бројките секогаш ги покажуваат фактите, а тие велат дека Роналдо влезе во историјата на Реал Мадрид. Се надевам дека ќе продолжи така. Тој има огромен придонес за успесите на клубот и е вистински лидер. Секогаш е желен за голови и за успеси и игра мотивирано без оглед на резултатот, истакна тренерот на „кралевите“.
Шпанскиот стратег се осврна и на играта на Реал. Тој изрази задоволство од ефикасноста на натпреварот со Еспањол, но нагласи дека се уште има работи кои треба да се поправат.
– Секако годи една победа од 6:0. Сепак секогаш има нешта кои можат подобро да се завршат. Ќе треба да поработиме уште за некои делови од нашата игра да функционираат како што замислувам, рече Бенитез.
Реал по три натпревари во Примера има две победи и еден нерешен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


