Планетарно популарната пејачка Бијонсе Нулс повторно е на насловната страница на престижниот „Вог“ и тоа во британското издание за месец мај.

Во интервјуто Бијонсе открива како се сноаѓа во улогата на мајка, потоа за турнејата која ја очекува, за бракот и за кариерата. Пејачката истакнала дека мајчинството ѝ дало многу самодоверба и сигурност и дека токму поради тоа сега ѝ е полесно својот приватен живот да го дели со обожавателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


