
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод еврејската Нова година – Рош Хашана упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзниот претседател Берта Романо-Николиќ.
– По повод големиот празник Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во духот на повеќевековната традиција, во семеен мир и добросостојба. Рош Хашана е празник на кој припадниците на Еврејската заедница се присетуваат на сите добри и лоши дела во текот на изминатата година. Затоа и деновите што следат се поврзуваат со длабока етичка и морална одговорност. Обичаите кои се карактеристични за овој празник се поврзани со блиските и со семејството, со прошката и поддршката, но и со хуманите вредности кои се наша заложба. Желбата за создавање подобар живот и животни вредности е тоа што нè сплотува во учењето едни од други. Негувајќи ги традициите создаваме позитивни вредности за идните генерации, пишува претседателот Иванов во честитката по повод Рош Хашана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


