| четврток, 6 декември 2018 |

Како е да се биде швалерка… возбудливо, па болно

neverstvoЉубовниците се мета да осуда, тие ги уништуваат браковите и важат за лесни жени без морал. Барем таква е перцепцијата за нив во пошироката јавност. Нивниот таен и двоен живот е се, само не среќен, а честопати незаслужено на нив се префрлува вината за се. Сепак, најчесто токму тие се оние кои се измамени, а причина за тоа е што на почетокот на нивниот однос партнерите кријат од нив дека се во брак.

Еве што имаат за себе да кажат љубовниците…
– Јас сум втора жена. Чувствувам голема грижѓа на совеста , но зависна сум од вниманието кое ми го дава. Живеам за моментите кои ги минуваме заедно и не можам да си помогнам, и покрај тоа што во момент на рационалност ми е јасно дека всушност мојот живот е оној кој е ставен на чекање.

– Љубовница сум и знам дека некои работи меѓу нас никогаш нема да успеат. Дури и да ја остави сопругата, иако сите ми велат дека тоа нема да се случи, незнам како би можела да му верувам дека истото нема да ми го направи и на мене.

– Себе си се доживувам како голема феминиста. Не знаев дека има сопруга се до моментот кога се заљубив во него. Дури тогаш ми ја кажа виситната, а јас не можев да го оставам затоа што не знам како да живеам без него.

– Љубовница сум на постар маж и се чуствувам грозно поради тоа. Ги лажам сите и не можам да го пуштам да оди. Мразам што не можам да го слушнам секогаш кога ќе посакам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top