Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со својот филм „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на 72. Венециски филмски фестивал.
Освоената награда Вигас и ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.
-Имаме некои проблеми, но ние сме многу позитивни. Ние сме еден неверојатен народ, изјави Вигас, пренесоа американските медиуми.
Наградата за најдобра режија ја освои, исто така, јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.
Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.
За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст