Коњичкиот клуб „Дона“ денеска на хиподромот во Радишани беше домаќин на 4-то коло Државно првенство во прескокнување пречки на Македонија. Натпреварот беше целодневен и на него можеше да се присуствува само со покана. Учествуваа шест македонски коњички клуба со околу 20 напреварувачи, гостински клубови од соседна Србија и Бугарија со свои јавачи и присуство на околу 150 посетители.
Меѓу присутните беше и Нејзиното кралско височество Принцезата Хаја на Јордан (Хаја бинт Хусеин) поранешен претседател на светската коњичка Федерација; д-р Васил Тупурковски – Претседател на Македонски олимписки комитет; Марјан Спасески – Директор на Агенцијата за млади и спорт на Р.М.; Ребека Јанковска Ристески – Претседател на Здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ,,Дајте ни крилја”; Нора Шабани- Директор на канцаларијата на УНИЦЕФ во Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст