| четврток, 6 декември 2018 |

Најсилни природни антибиотици за кои не ви треба рецепт

Ако сакате на природен начин да победите болест и да го зајакнете имунитетот, побарајте ги овие три најсилни антибиотици за кои не ви треба рецепт.

Zivot88-Antibiotici-2

Масло од оригано

Ова волшебно масло се добива од лисјата од билката оригано. Освен што неговиот мирис и арома совршено се согласуваат со бројни јадења, врз основа на многу истражувања, маслото од оригано е моќен борец против инфекции за што е заслужна состојката под името карвакрол.
Мошне мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.

Лук

Го сакаме во јадењата, го сакаме во прав, суров во салата. Лукот е крал на зеленчукот. Неговата силна арома и мирис го претвораат во совршен зачин, но лукот има уште многу помоќни својства. Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Благодарение на основната состојка на испарливиот лук со алин кој со сечењето или пресувањето се разградува во алицин, лукот има антибиотско дејство. Го забавува растот на бактериите и успешно ги уништува вирусите и габичките, па е многу делотворен како средство против настинка и грип.

Чили пиперчиња

Пиперчињата „кајен“ (Cyanne), попознати под имињата чили, лута или црвена пиперка, е важен дел од азиската историја како во кулинарството, така и во традиционалната медицина. Овој многу едноставен зачин со лут, но дискретен вкус оди со многу јадења и десерти, а најчесто се користи сушена или во облик на прав.

Нивните моќни својства за здравјето се многу широки, а во ајурведата и кинеската медицина се ценет аналгетик против болки и делотворно противвоспалитено и антибактериско средство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top