Веројатно сте забележале дека некои намирници наутро ви даваат енергија, додека со други уште повеќе почнува да ви се спие. Всушност, одредени намирници треба да се избегнуваат наутро бидејќи потешко се варат.
Од друга страна пак, некои други намирници можат да направат многу побрзо и подобро да се разбудите, а ако ги консумирате во текот на денот – ќе бидете полни со енергија се’ до вечерта.
Бадеми
Важно е да се потенцира дека бадемите имаат најдобри својства ако се јадат свежи и несолени. Овие јаткасти плодови се одличен извор на здрави масти, но и протеини, и притоа ви помагаат при балансирањето на нивото на шеќерта во крвта. Некои научни истражувања покажаа дека 20 бадеми дневно можат значајно да го намалат ризикот за добивање на кардиоваскуларни заболувања. Притоа, бадемите се варат многу лесно, па убаво ќе ве заситат без да му отежнат на вашиот желудник.
Црно чоколадо
Заборавете на утринското кафе со млеко и слободно земете неколку коцки од вашето омилено темно чоколадо. Сепак, важно е да изберете квалитетно чоколадо, со најмалку 70 отсто какао. Какаото е одличен извор на железо и магнезиум, а ако наутро се одлучите за некоја коцка темно чоколадо ќе се почувствувате побудно.
Банани
Бананите се богати со калиум и витамин Б, па тоа прави да бидат совршена намирница за избалансиран појадок. Тие се одлични затоа што можат да го контролираат и стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Најдобри се во комбинација со природен путер од кикиритки, кој пак е одличен извор на протеини и масти.
Јајца
Веројатно најпопуларниот појадок ширум светот, јајцата, и не се без причина така популарни. Всушност, јајцата наутро ќе ви обезбедат протеини и железо, па во текот на целиот ден ќе се чувствувате енергично. Холинот, кој е дел од витамините од групата Б, е важна стотојка која се наоѓа во јајцата и често се доведува во врска со правилното функционирање на мозокот.
Агруми
Агрумите, какви што се лимонот, портокалот и лиметата, изобилуваат со витамин Ц и лесно ќе ве разбудат со нивниот киселкаст вкус. Еден од најдобрите совети е наутро да пиете вода со лимон, која не само што ќе ви даде енергија, туку ќе ви помогне и во борбата со вишокот на килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.