| четврток, 6 декември 2018 |

Ширум Европа собири за и против бегалците

Десетици илјади луѓе ќе излезат денеска на улиците низ европските градови, со цел со „Денот на акцијата“ да изразат солидарност со бегалците, додека истовремени се најавени и повеќе антимиграциски протести.
Refugee Rights Protest at Broadmeadows, Melbourne
Само во Лондон, околу 90.000 лица најавија дека ќе учествуваат на собирот за поддршка на бегалците, додека слични настани се предвидени и во Берлин, Виена и Лисабон.
Време е да прозбориме против смртоносните граници кренати во наше име. Сакаме да ја покажеме, заедно со илјадниците други ширум Европа, својата солидарност со оние кои бегаат од војната, насилствата и деструкцијата. Сакаме да им порачаме на сите бегалци „Добредојдени сте“, напишаа организаторите во повикот на протест, објавен на Фејсбук страницата „Европски ден на акција за бегалците“.
Собирот ќе почне во Хајд парк, а потоа ќе продолжи кон резиденцијата на британскиот премиер Дејвид Камерон. Вакви собири најавени се и во други британски градови, но и во Лисабон, Берлин, Виена, Атина, Ница, Лион и други.
Во Венеција вчера околу 1000 демонстранти учествуваа на собирот за солидарност со бегалците на настанот наречен „Демонстрација на босоногите“. На собирот учествуваа многу странци, како и лево ориентирани политичари и синдикални лидери, кои носеа  транспаренти со натписи како „Нема инвазија, сите сме граѓани на светот“ и „Добредојдовте бегалци”.
„Митингот на босоногите” е протест замислен од група уметници во Венеција, но беше прифатен и во други италијански градови.
Во Рим исто демонстрираа околу 1.000 луѓе. Во парадата учествуваа бегалци, како и волонтери од организации како „Спасете ги децата” и “Амнести интернешнл”.
Стотици луѓе одеа боси и во Неапол, а во Палермо демонстрациите се одржа во четвртокот вечерта. Над 3.000 луѓе маршираа во поворка во главниот град на Сицилија, а општината издигна два огромни транспаренти на ѕидот на Градското собрание со имињата на 23 000 мигранти, кои загинале во последните години, во обид да дојдат во Европа.
Истовремено, денеска антимигрантски собири најавени се во неколку градови во источна Европа. Во варшава ќе бидат одржани два протестни собири, еден во организација на невладини групи, за поддрѓка на бегалците и друг, на кој повикаа крајнодесничарските партии, против мигрантите.
Два собири се закажани и во Прага, каде за мигрантите се очекуваат околу 3.000 лица, а против нив околу 2.000, како и во Братислава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top