| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Рекордни 432.760 бегалци годинава го минале Средоземно Море

Illegal-migrants-arriving-at-Zefyros-571965Рекорден број од 432.760 бегалци и мигранти го минале Средоземното Море од почетокот на 2015 година, што е речиси два пати повеќе од вкупниот број во 2014 година, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Од почетокот на 2015 година во Грција пристигнале 309.356 лица по морски пат. Други 121.139 влегле во Италија, 2.166 во Шпанија и 100 во Малта.

Според тоа, досега е надминат за два пати вкупниот број од 197.940 бегалци, кои влегле преку овие четири европски држави во цела 2014 година, изјави портпаролот на Меѓународната организација за миграција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top