| четврток, 6 декември 2018 |

Полесно и поевтино до имот-правни решенија

imotno-pravniВладата решава уште еден проблем на граѓаните. По низата средби низ Македонија со граѓаните, направена е законска измена со која за решавање на имотно правни односи наместо 150 евра на нотар сега ќе се плаќа околу 300 денари.

Премиерот Никола Груевски при посетата на општина Аеродром истакна дека соседи кои ги немаат решено своите имотно-правни односи за поделба на дворовите, односно навлегувања, сега ќе можат да го сторат тоа по многу поевтина цена.

-Милионите евра кои би требало да даваат граѓаните, сега нема да ги даваат затоа што наместо со таков нотарски акт за кој се плаќа 150 евра, законот овозможува само со нотарска изјава помеѓу соседите да се разреши случајот. На овој начин ќе се заштедат осум милиони евра на граѓаните, истакна премиерот.

На овој начин, рече Груевски, многу побрзо ќе оди решавањето, бидејќи многу луѓе немале 150 евра да ги дадат за решавање на некое имотно прашање кое во најголем дел е грешка на властите од 1956 до 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top