Пред судот одбраната на осудените ги образложува жалбите на првостепената пресуда. Апелациониот суд има можност да ја потврди пресудата, да ја укине и да ја врати на повторно судење, или делумно да ја потврди, а да интервенира во висина на казните.
Во судот беа донесени сите осудени, освен Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во затвор во Косово.
Според заклучокот на судот, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ со еден пиштол и две автоматски пушки на растојание од еден и пол метар ги изрешетале четирите момчиња и рибарот за да создадат чувство на несигурност кај македонскиот народ и да пратат порака до граѓаните дека никој не е безбеден и секој може да биде убиен било кога и било каде.
Убиството го извршиле на 12 април 2012 во предвечерието на христијанскиот верски празник Велипеток. Целта им била да застрелаат невини цивили, Македонци на големиот христијански празник.
Во организирањето и логистиката на злосторството учествувале Фејзи Азири и Хаки Азири.
Судот во изрекувањето на пресудата ги зел во предвид материјалните докази, но и исказите на сестрата на убиениот Александар Накевски, исказите на неколкумина Роми кои биле на Смилковското езеро непосредно пред убиството, како и исказот на обвинетиот Хаки Азири кој го даде во истражната постапка.
Сестрата на Александар Накевски во исказот тврдеше дека се слушнала со нејзиниот брат во времето кога отприлика се случило убиството, но зборувал неразбирливо, а потоа слушнала звук на вода.
Токму неговиот телефон бил пронајден во водите на езерото и се претпоставува дека Александар бил жив кога го барала неговата сестра, но кога го виделе дека зборува на телефон му го зеле телефонот и го фрлиле во вода.
Ромите, пак, пред судот раскажаа дека ги виделе убиените момчиња на езерото и дека кога тргнале да си одат ги запрел непознат човек, кој не носел маска на лицето, но бидејќи било темно не можеле да му го видат лицето. Ги прашал како се викаат и им рекол да бегаат оти ќе ги убијат.
Азири, пак, во својот исказ даден пред истражен судија кој беше снимен и прикажан во јавноста, вели дека ги чекал убијците на обиколницата и им помогнал да избегаат. Му кажале дека убиле човек, но дури отпосле на интернет прочитал дека се убиени пет лица на Смилковското езеро. Чувствувал голема грижа на совест и ослабел 20 килограми, и давањето на исказот го чувствувал како големо олеснување. Но, потоа Азири го негираше тој исказ, и рече дека го дал под притисок и поради психичко и физичко малтретирање.
Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12-ти април 2012 година, вечерта пред христијанскиот верски празник Велипеток. Брутално е стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45).
Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди се осудени за тероризам, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.
Со првостепената пресуда беа изречени шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците, па роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од демонстрантите, поради насилство, завршија в затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк”, продолжението закажано за 5 септември