| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Од идната недела нелегалните мигранти ќе бидат апсени

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека кризата со мигрантите во неговата земја во последните денови излезе од контролата и дека полицијата веќе од следната недела ќе преземе построги мерки и ќе ги апси мигрантите кои границата ја минуваат нелегално, пренесоа британските медиуми.

– Мигрантите прогласија бунт против унгарските власти, преземаат железнички станици и одбиваат да се регистрираат. И покрај тоа, полицијата си ја врши својата работа на видлив начин, без да употребува сила, рече Орбан по средбата со Манфред Вебер, претседател на парламентарната група на Европската народна партија.

Орбан прецизраше дека од 15 септември во сила влегуваат построгите имиграциски закони во Унгарија.

Новиот министер за одбрана, Иштван Шимичко, денеска соопшти дека 3.800 војници се разместени долж границата со Србија за да не го дозволат нејзиното нелегално преминување, пренесоа француските медиуми.Тој дополни дека нивната приоритетна задача е доизградба на оградата.

Западните медиуми, преку фотографии и снимки, покажуваат дека унгарски војници, вооружени со автомати, ги придружуваат полициските патроли на границата.

Согласно новите правила, армијата ќе располага со зголемени надлежности на границата, посебно при регистрирање на лицата коио бараат азил.

Првично Владата бараше на војниците да им го  даде правото да употребуваат оружје во случај на „вонредна ситуација“, но таа  одлука бараше и одобрение од Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top