| четврток, 6 декември 2018 |

Заевото ново руво

За­гу­бе­ни во пре­во­дот (се­га ита­ли­јан­ски) при пре­пи­шу­ва­ње­то на про­гра­ма­та и мен­тал­но заг­ла­ве­ни во пр­ва­та по­ло­ви­на на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, вр­ху­шка­та на со­ци­јал­- де­мо­кра­ти­те со ќеф и ма­зо­хи­стич­ки ја про­дол­жу­ва ста­ра­та гу­бит­нич­ка игра. Проб­ле­мот, пак, во актер­ски­от воз­нес на СДСМ, го соз­да­ва ли­де­рот, не­та­лен­ти­ран за глу­ма, на­стра­на за по­ли­ти­ка, но и за зна­че­ње­то на збо­ро­ви­те. На при­мер, нус­про­из­вод...

analiza157-1

Про­ѕир­на­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја на са­мо­прог­ла­се­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел го из­да­ва се­кој не­гов обид за ла­га, не­што што тој по­сто­ја­но го пра­кти­ку­ва, а, спо­ред кон­стант­но­ста, е чин за кој ве­ру­ва де­ка е ро­ден. Нај­ве­ро­јат­но, еки­па­та око­лу не­го има ед­на и единс­тве­на це­ла – да го ку­ра­жи се­кој пат ко­га пси­хич­ки ќе пад­не и ќе ја по­чув­ству­ва ви­сти­на­та де­ка е „сто­ка“ за ед­на упо­тре­ба, се­којд­нев­но да го „ду­ва“ не­го­во­то его и има за за­да­ча на се­кои пет ми­ну­ти да му ка­жу­ва де­ка е нај­до­бар, нај­у­мен и нај­у­бав. И де­ка ра­бо­та­та од­лич­но му оди. Свес­ни се де­ка од­лич­но му ле­жат шпан­ски­те се­рии, па кон­ку­рен­тот на Ран­ду ја до­би уло­га­та за „рас­ки­ну­ва­ње“ со дру­ги­от дел од „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“. Или бе­ше Ка­сан­дра… Та­ка, не­о­че­ку­ва­но за мно­гу­ми­на ле­ко­вер­ни, бе­страш­ни­от ли­дер из­ле­зе и сре­де Стру­га си ка­жа де­ка не­го­ва­та пар­ти­ја из­ле­гу­ва од т.н. ко­а­ли­ци­ја­та „Гра­ѓа­ни­те за Ма­ке­до­ни­ја“. И упс, ста­ти­ва – ни­кој не се шо­ки­ра­ше?! Па не за­луд­но во име­то на оваа де­мек-ко­а­ли­ци­ја има­те чле­ну­ва­на имен­ка. Да, ова се „гра­ѓа­ни­те“ за Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му тие, опре­де­ле­на гру­па из­бра­ни, пре­до­дре­де­ни да вла­де­ат и да да­ва­ат изим за ег­зи­стен­ци­ја. И ни­кој друг. Тие се гра­ѓа­ни­те, а сѐ дру­го е сто­ка, ов­ци, сит­на бо­ра­ни­ја, ко­ја не зас­лу­жу­ва ни да би­де во иста про­сто­ри­ја со нив. На отво­ре­но мо­же, но на ми­ни­мум 500 ме­три рас­то­ја­ние. Оста­то­кот се обич­ни­те смрт­ни­ци или гра­ѓа­ни, а кај нив се ГРА­ЃА­НИ­ТЕ. Се­ка­ко, ос­но­вен пре­дус­лов за друж­ба е да има­те до­стрел со па­вер-еле­мент од ми­ни­мум че­ти­ри ме­три и да сте не­за­до­во­лен. Од што би­ло. Же­на, трет­ман пред ко­о­пе­ра­ци­ја, по­зи­ци­ја на ра­бо­та, го­ле­ми­на­та. На при­ма­ња­та, се раз­би­ра…

analiza157-3

Ра­ски­ну­ва­ње за „ма­ша­ла“, со 82 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции и со 15 пар­тии?!

Се­пак, кол­ку потс­меш­ли­во и да гле­да­те на „рас­ки­ну­ва­ње­то“ на За­ев со т.н. НВО, кои ко­га, не­ко­гаш во ид­ни­на, СДСМ ќе по­бе­ди ќе мо­ра­ат да се пре­кр­стат во ВО или во НЛО, факт е де­ка од овој по­тег на ли­де­рот на­ро­дот не­што и на­у­чи… Ве­ру­ва­ле или не, но СДСМ рас­ки­на со не­ве­ро­јат­ни 82 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции?! Ни по­ве­ќе, ни по­мал­ку. Та­мам се со­зе­ма­те од број­ни­от шок, ко­га слу­ша­те – има­ло и це­ли 15 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја­та?! Ви­стин­ски­от и ре­а­лен проб­лем на­ста­ну­ва ко­га ќе се оби­де­те да се се­ти­те – кои се тие 82 НВО и 15 пар­тии? Од пр­ва, ќе ви „тек­не“ за три-че­ти­ри, ма­кси­мум пет Со­ро­со­ви че­да што глу­мат нев­ла­дин се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја (факт за кој пи­шу­ва и аме­ри­кан­ска­та „Неш­нел рив­ју“), но за по­ве­ќе, си­гур­но, не­ма да се се­ти­те. Кај пар­ти­и­те, пак, те­шко де­ка ќе стиг­не­те и до таа број­ка. По ЛДП и НСДП ќе на­и­де­те на ќор-со­как. Ви оди ли умот на­кај ДОМ? Не, не, тие се „не­за­вис­ни“. На­стра­на, лес­но пре­врт­ли­ви и мно­гу зе­ле­ни…
analiza157-4Ка­ко и да е, но ин­фор­ма­ци­ја­та за са­мо­стој­ни­от по­ход на СДСМ на овие из­бо­ри одек­на исто ка­ко и нив­ни­те пе­тар­до­ид­ни бом­би, за кои ли­де­рот се за­ка­ни де­ка по­втор­но ќе ги ста­вел во по­гон. Ка­ко и се­ко­гаш, ако не се за­до­во­ли. Ре­ал­ни­те проб­ле­ми при пре­го­во­ри­те и до­го­во­ри­те не се бит­ни, би­тен е са­мо фил­мот на вр­ху­шка­та на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, од­нос­но при­ка­ска­та што са­ка­те да му ја про­да­де­те на пот­це­не­ти­от на­род. А тој ни­ка­ко да ја ку­пи. Слич­но ка­ко во ше­га­та со Цр­но­го­ре­цот, кој од кел­нер­ка­та ба­ра ка­фе „сил­но ка­ко не­го и сла­тко ка­ко неа“, а по вку­су­ва­ње­то ку­со ве­ли: „Еј ма­ла, да не се пре­це­ни мал­ку, а?“ Ше­га­та на­стра­на, но СДСМ нај­а­ви де­ка ќе оди со сопс­тве­на про­гра­ма. Не­ве­ро­јат­но. Ко­неч­но, ќе има про­гра­ма. Ма­кар и ита­ли­јан­ска. Си­те се во ис­че­ку­ва­ње на пр­во­то про­грам­ско че­до на пар­ти­ја­та. А пр­ви­те ку­три­ња се фр­ла­ле во во­да…

 

analiza157-5

За­е­во­то но­во ру­во

Нај­но­ва­та сказ­на, ко­ја ли­чи на Ан­дер­се­но­во­то „Ца­ре­во­то но­во ру­во“, се за­ка­ну­ва це­лос­но да ја раз­го­ли ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. Раз­ли­ка­та ме­ѓу ле­ко­вер­ни­от цар, кој са­кал да се пер­чи пред на­ро­дот со па­ри и да се об­ле­ку­ва во нај­ска­па­та об­ле­ка, и ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска вр­ху­шка, се­пак, не е во ска­па­та гар­де­ро­ба и жи­во­тен стил. Ли­дер­ски­от дво­ец на „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“ во­зи авто­мо­би­ли и џи­по­ви од 80-ина ил­ја­ди евра, гли­се­ри од 100-ти­на ил­ја­ди, а има ви­ли во Гр­ци­ја и ки­рии во Ма­ке­до­ни­ја од не­кол­ку сто­ти­ци ил­ја­ди европ­ски банк­но­ти. „По­у­ба­ва­та“ по­ло­ви­на од ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от ду­ет но­си и чан­ти од по три-че­ти­ри ил­ја­ди евра. Ма­шка­та, пак, има 12 ми­ли­о­ни европ­ски при­чи­ни за до­бра ег­зи­стен­ци­ја. Но хе­до­низ­мот не е единс­тве­на­та вр­ска со ца­рот од при­ка­ска­та. Тоа се из­мам­ни­ци­те. Во при­ка­ска­та, тие му ве­ти­ја на ца­рот то­а­ле­та што не­ма да ја ви­дат глу­па­ви­те, а на на­ша­та вр­ху­шка из­мам­ни­ци­те им ве­ти­ја „бом­би“ со де­то­на­ци­ја вид­ли­ва за си­те.

За жал на на­ши­те ко­рис­ни­ци на „но­во­то ру­во“, од­нос­но на „бом­би­те“ (не слу­чај­но во на­вод­ни­ци), се слу­чи спро­ти­вен про­цес од ве­те­но­то и исти­те пе­тар­ди ги при­фа­ти­ја са­мо со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ро­де­ни и за­до­е­ни со комп­ле­ксот на на­дре­де­ност. Нај­го­ле­ми­от проб­лем го иску­си­ја из­мам­ни­ци­те. Кај Ан­дер­сен, тие из­бе­гаа ужи­вај­ќи во ца­ре­ви­те па­ри. Кај нас заг­ла­ви­ја во за­твор, без вра­бо­ту­ва­ње­то во странс­тво из­дејс­тву­ва­но кај по­бра­ти­мот-пре­ми­ер на За­ев. Се­пак, ова не го оз­на­чи ко­неч­но­то со­го­лу­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та. До­пр­ва до­а­ѓа ко­неч­ни­от чин, кој тре­ба да по­ка­же де­ка глав­на­та цел на нас­лед­ни­кот на Цр­вен­ков­ски е пу­сто­то до­би­ва­ње на вла­ста, без скру­пу­ли и из­бор на средс­тва што, за нив, се оправ­да­ни од цел­та. Сѐ уште е во тек обе­ло­де­ну­ва­ње­то на сце­на­ри­о­то на­ре­че­но „Го­ле­ма­та ла­га“, пре­пи­ша­но од Ге­белс, кој по упо­тре­ба­та на не­го­во­то де­ло од лу­ѓе што ги кра­си на­зи­вот „ко­му­ни­сти“ или по­кон­крет­но „ко­му­ња­ри“, на­го­ле­мо се пре­вр­ту­ва во гро­бот. Дел од си­же­то е и „раз­дел­ба­та“ на СДСМ со т.н. 82 НВО и 15 пар­тии. Нав­ле­че­ни­те на тур­ски се­рии, не­кои гра­ѓа­ни (без член во имен­ка­та) са­ка­ат ва­кви ср­це­па­ра­тел­ни раз­дел­би, но по­ен­та­та е во ла­га­та за раз­дел­ба­та. По неа, се­кој си дејс­тву­ва сам и спо­ред сво­и­те убе­ду­ва­ња, не­ли? Мо­же­би во не­ко­ја шпан­ска или тур­ска се­ри­ја, но не и во Ма­ке­до­ни­ја. Ов­де, си­те ра­ко­во­де­ни од еден ист цен­тар ќе плу­ка­ат по ист про­тив­ник и ќе се при­ка­жу­ва­ат ка­ко по­себ­ни. За жал, и про­ѕир­ни. Но­ва фра­зе­о­ло­шка фор­ма на ста­ра­та жел­ба, ко­ја се­га се ви­ка: „По­де­ли се, па вла­деј?!“ Ба­шка, ло­шо зву­чи, освен ко­га би би­ле во пра­ша­ње кло­но­ви. За по­го­ле­ма жал, пак, ток­му за кло­но­ви и се ра­бо­ти. И та­ка, ов­ца­та До­ли по­цр­ве­ни…

 

analiza157-6

Фроjд за спа­си­те­лот од Мур­ти­но

„Упс! Аман, не пак…“ Ва­ка, нај­ве­ро­јат­но, гла­се­ла пр­вич­на­та, искре­на ре­ак­ци­ја на „со­бор­ци­те“ од СДСМ на ли­де­ро­ви­от лап­сус. Којз­нае кој по ред. Исти­от тој што збо­ру­ва­ше за нар­ко­кар­те­ли во Јуж­на Афри­ка, го по­гре­ши име­то на пр­ви­от ма­ке­дон­ски ро­ман, на­ве­де де­ка има по­ве­ќе та­тков­ци и за ко­го Ма­ке­до­ни­ја е фри­гид­на, се­га ап­со­лут­но се над­ми­на се­бе­си. Спо­ред пси­хо­а­на­ли­ти­ча­ри­те, ова е до­бар знак де­ка про­це­сот на раз­го­лу­ва­ње­то на ду­ша­та е при крај, а, спо­ред Фројд, пак, лап­сус лин­гва­та има про­сто об­јас­ну­ва­ње: Тоа што го но­си­те и по­тис­ну­ва­те во се­бе, ед­но­став­но из­ле­гу­ва. Та­ка и бе­страш­ни­от ли­дер, исто­вре­ме­но со за­ка­на­та за но­ви „бом­би“ за­чи­не­та со на­пу­шта­ње на пар­ла­мен­тот од тие што, ко­неч­но, по 17 ме­се­ци и по­тро­ше­ни 800.000 евра се вра­ти­ја(?!) си го иска­жа нај­го­ле­ми­от страв. Се ви­ка из­бо­ри. Ни­што по­ве­ќе. Ре­че и не по­ре­че: Пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во 2016 го­ди­на се нус­про­из­вод на до­го­во­рот… Ќе се нај­де ли ју­нак во СДСМ да му ка­же да не збо­ру­ва за тоа што не го раз­би­ра. Нус­про­из­вод е не­са­кан ефект. Ба­рем да про­чи­тал об­јас­ну­ва­ње за упо­тре­ба на лек. Ед­наш…

 

Sotir-Kostov-200Ко­стов: По­ли­тич­ка ан­ти­ло­ги­ка, ко­ја се гра­ни­чи со ап­сурд

Ко­лум­ни­стот Со­тир Ко­стов ве­ли де­ка Зо­ран За­ев, и СДСМ, ка­ко по оби­чај, пак пов­ле­коа не­ло­ги­чен по­тег на јав­на­та по­ли­тич­ка сце­на: Со еден кур­шум „уби­ја’’ две ко­а­ли­ции: пр­ва­та, ко­а­ли­ци­ја­та со пет­на­е­сет­те по­ма­ли по­ли­тич­ки пар­тии, со ко­ја се раз­де­ли­ја; и вто­ра­та, ко­а­ли­ци­ја­та со гра­ѓа­ни­те и со нев­ла­ди­ни­от се­ктор (82 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции), со ко­ја, исто та­ка, „го рас­ту­ри­ја бра­кот од ин­те­рес“, кој го одр­жу­ваа Со­рос и огром­на­та жел­ба пре­ку улич­на де­мо­кра­ти­ја, зна­чи без де­мо­крат­ски, фер и сло­бод­ни из­бо­ри, ко­неч­но, да се дој­де на власт.

КОСТОВ: Овој по­тег е во спро­тив­ност на здра­ва­та по­ли­тич­ка ло­ги­ка, ко­ја ве­ли де­ка е неoпход­но окруп­ну­ва­ње на опо­зи­ци­ски­от блок, до­кол­ку се са­ка ус­пех на до­го­во­ре­ни­те во­нред­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во април в го­ди­на, а тоа е ко­неч­но да се по­бе­ди ВМРО-ДПМНЕ и да се освои вла­ста во РМ. А За­ев го на­пра­ви со­се­ма спро­тив­но­то: по не знам кој пат ја рас­ит­ни опо­зи­ци­ја­та, свес­но или не­свес­но, тој са­ми­от си знае, а пос­ле­ди­ца­та е све­ду­ва­ње на по­ли­тич­ка бо­ра­ни­ја на тоа што ќе оста­не од опо­зи­ци­ја­та. Спо­ред ме­не, оваа по­ли­тич­ка ан­ти­ло­ги­ка се гра­ни­чи со ап­сурд. Очиг­лед­но, не­кој, а тоа се Зо­ран За­ев и СДСМ, има по­греш­на и до ма­кси­мум искри­ве­на сли­ка за се­бе, сво­ја­та по­зи­ци­о­ни­ра­ност и мо­мент­на­та по­ли­тич­ка моќ. Зо­ран За­ев се од­не­су­ва ка­ко ли­дер, кој за се­бе мис­ли де­ка е мно­гу си­лен, исто та­ка, де­ка пар­ти­ја­та му е моќ­на, и ете са­мо што не по­бе­дил на из­бо­ри­те што прет­сто­јат. Тоа е еден сла­док сон, кој во април в го­ди­на за СДСМ ќе ста­не гр­да и, по не знам кој пат, бол­на ре­ал­ност. На­ро­дот ќе ја ис­по­ра­ча сво­ја­та фа­кту­ра, а тоа за СДСМ и за Зо­ран За­ев ќе би­де ко­не­чен „бан­крот блуз-бенд“ во по­ли­ти­ка­та.

На по­ли­ти­ча­рот и ли­дер Зо­ран За­ев при пра­кти­ку­ва­ње­то на по­ли­ти­ка­та, та­ка ка­ко што тој ја сфа­ќа, му по­ми­на во на­ви­ка да се за­ка­ну­ва, по­со­чу­ва Ко­стов. Спо­ред не­го, тој, очиг­лед­но, е вле­зен во еден, за не­го, до ма­кси­мум ин­те­ре­сен филм во кој има не­за­кон­ско сни­ма­ње те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, не­ов­ла­сте­но об­ја­ву­ва­ње лен­ти со та­кви раз­го­во­ри и гле­да­ме се­којд­нев­ни за­ка­ни за сѐ и се­што до се­ко­го во РМ.

КОСТОВ: Не­му за­ка­ни­те и уце­ни­те во по­ли­ти­ка­та му ста­наа се­којд­нев­на на­ви­ка и чи­нам де­ка по­ле­ка, но си­гур­но ве­ќе е за­фа­тен од син­дро­мот на црн и зло­бен ни­хи­ли­зам. Не­го­во­то за­ка­ну­ва­ње со по­втор­но фр­ла­ње по­ли­тич­ки бом­би јас го по­и­сто­ве­ту­вам со за­ка­ни­те на те­ро­ри­сти­те и на ѕве­ро­ви­те од ИСИС. Раз­ли­ка­та е што тие се за­ка­ну­ва­ат, но и отсе­ку­ва­ат гла­ви на не­ви­ни лу­ѓе, а на­ши­от по­ли­тич­ки дес­пе­ра­дос и пра­вен ди­ле­тант, фр­ла вер­бал­ни бом­би врз по­ли­ти­ча­ри (Ни­ко­ла Гру­ев­ски, Мен­дух Та­чи, Али Ах­ме­ти и мно­гу дру­ги), по­ли­тич­ки пар­тии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, а еве се­га ги пре­диз­ви­ку­ва и ма­ли­те и сред­ни по­ли­тич­ки пар­тии на кои им отка­жа љу­бов), на це­ла­та из­врш­на власт, на судс­тво­то и, се­ка­ко, на за­ко­но­дав­на­та власт, ко­ја ја иг­но­ри­ра и не ја по­чи­ту­ва ве­ќе по­ве­ќе од ед­на го­ди­на. Спо­ред не­го, ни­кој не чи­ни и ни­што не вре­ди во Ма­ке­до­ни­ја, освен тој и СДСМ. Тоа е иск­лу­чи­тел­ност од нај­до­лен вид, по­ли­тич­ки те­ро­ри­зам и се­општ ни­хи­ли­зам од мар­кси­стич­ки и од ле­ни­ни­стич­ко-ста­ли­ни­стич­ки вид. Тој сѐ уште нев­ле­зен во со­бра­ни­е­то по­втор­но се за­ка­ну­ва, спе­ци­јал­ни­от об­ви­ни­тел сѐ уште не­из­бран, а тој и не­го­ви­те ве­ќе по­ста­ву­ва­ат ро­ко­ви за под­не­се­ни кри­вич­ни при­ја­ви и до­не­се­ни суд­ски пре­су­ди. Бог да те чу­ва, и не­мој слу­чај­но Зо­ран За­ев да те бра­ни, би­деј­ќи тој знае са­мо да уце­ну­ва и да др­жи во по­ли­тич­ки за­лог. Зас­ле­пен со по­ли­тич­ка омра­за и од­маз­да по се­ко­ја це­на, тој не гле­да де­ка бу­ме­ран­гот ве­ќе па­ту­ва кон не­го.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 157. број на неделникот „Република“, 4.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top