Никола Маџиров на 12 септември ќе учествува на поетското читање во Подгорица посветено на новата екјугословенска поезија. Во рамките на театарскиот фестивал ФИАТ ќе се одржи целовечерно читање на современа поезија од бившите југословенски простори, а Никола Маџиров е избран како автор од Македонија. Во Берлин, во рамките на настанот „Берлин чита“ како најава на еден од најзначајните европски книжевни фестивали, на различни локации низ Берлин се читаа две песни на Никола Маџиров: „Дом“ и „Брз е векот“, во англиски превод на Греам и Пеги Рид и во германски превод на Александер Зицман. Овие две песни се вклучени во Антологијата на Берлинскиот книжевен фестивал, во чиј фокус се интензивните миграциски движења во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел


