Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија со измерени 54 литри воден талог на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Следуваат Охрид, со 29 литри дожд на квадратен метар и Крушево, со 25 литри на квадратен метар. Во Скопје мерната станица на Зајчев Рид измери 17 литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврнало во Кавадарци и во Претор, од еден литар на квадратен метар.
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, претпладне со повремени врнежи од дожд претежно со слаб интензитет. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени. Од утре следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и со постепен пораст на дневната температура на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



